Дома Трансфер зона Пред три години европските гиганти се „тепаа“ за неговиот потпис, заврши во Реал, а денес…

Пред три години европските гиганти се „тепаа“ за неговиот потпис, заврши во Реал, а денес…

odegard

Пред три години пристигна како голем талент во Реал Мадрид…

На само 16 години стана фудбалер на Реал Мадрид кој ја доби битката со уште неколку европски гиганти. Денес три години подоцна, ниту малку не ги опрадува очекувањата, па сигурно е дека Мартин Одегард нема да биде член на „кралевите“ (на првиот тим) во новата сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лопатеги нема да смета на него кога ќе започне сезоната, тоа го потврди и самиот фудбалер во изјава за медиумите.

„Најважно е да играм, сакам клуб во кој ќе бидам стандарден“, изјави Одегард.
Заинтересирани има, но не се европските гиганти како некогаш, туку условно кажано помали клубови, не е исклучена можност и да остане во вториот тим на Реал Мадрид.

Споредете ги него и Мбапе, Одегард е само три дена постар, но изгледа прваше лоши избори, Французинот беше еден од најдобрите играчи на Мундијалот, а Одегард сезоната ја помина во Херневен со само три постигнати гола во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…