Дома Останати Преговорите се во тек: Познато каде и кога може да се борат Кабиб и Флојд!

Преговорите се во тек: Познато каде и кога може да се борат Кабиб и Флојд!

khabib floyd

Натпреварот помеѓу УФЦ светскиот шампион во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов и поранешниот светски шампион во бокс Флојд Мејведер би можел да се одржи на 4-ти мај на стадионот во Грозни.

Таткото на рускиот борец Абдуламанап Нурмагомедов потврди дека се во контакт со Мејведер и дека е можно да се организира меч според боксерски правила.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Борбата со Кабиб е можна. Флојд е во контакт со нашиот тим. Евенуталната борба е интересна за сериозните спонзори. Мечот би можел да се одржи на 4-ти мај на Ахмат Арената во Грозни. Кабиб често има спаринг партнери од одлични боксери и можам да кажам дека изгледа пристојно“.

„Го гледавме мечот Мекгрегор – Мејведер во кој Конор добро изгледаше 3-4 рунда. Сигурен сум дека Кабиб е способен за повеќе, барем 7-8 рунди. Важно е да се земе во предвид дека Мејведер има 41 година, но и издржливоста на Кабиб“, изјави таткото на УФЦ шампионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…