Дома Топ вести Преговорите започнати: Јувентус ја сака ѕвездата од Премиер лигата

Преговорите започнати: Јувентус ја сака ѕвездата од Премиер лигата

„Тутоспорт“, весник кој важи за близок до Јувентус пренесува дека „старата дама“ покажува сериозен интерес за португалскиот репрезентативец и ѕвезда на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот плејмејкер блеска оваа сезона во Премиер лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Весникот тврди дека спортскиот директор на Италијанците, Фабио Паратичи веќе имал средба со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш и веќе работат на трансферот.

Тешко е да се поверува дека трансферот може да се реализира во јануари, многу поверојатно е дека ќе бидат договорени условите за трансфер на крајот на сезоната.

За Невеш сериозен интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, но „бјанконерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата благодарение на добрите односи со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…