Интересни вести пристигнуваат од Каталонија.
Капитенот на Барселона Андрес Иниеста би можел да ја напушти Барселона после цели 20 години. Како што пренесува каталонски „Спорт“, Иниеста има неколку понуди од Кина и во наредните месеци ќе размсили дали е време да се раздели со Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Иниеста има прилика да добие плата од огромни 35 милиони евра со што би станал втор најплатен играч во светот после Нејмар кој во ПСЖ заработува пет повеќе.
Најголем интерес за Иниеста покажа Тианџанин Куанџин. Според информациите претставници на овој клуб веќе ја посетиле Шпанија каде што одржале преговори со фудбалерот.
Контактите започнале кон крајот на декември, а Кинезите очекуваат одговор до крајот на март. Иниеста јасно порача дека нема да го напушти клубот во јануари и тоа го направи, но со доаѓањето на Фелипе Кутињо неговата минутажа сигурно ќе биде намалена.
Кутињо оваа сезона нема право за настап во Лигата на шампионите, Иниеста во Европа и понатаму ќе биде еден од најважните, а Валверде има намера да го чува за најважните натпревари.
Да потсетиме, Иниеста минатата есен потпиша доживотен договор со Барселона.
Hola! Esta es nuestra #portada de hoy: https://t.co/RlQzoATDoy
— Diario SPORT (@sport) February 16, 2018