Дома Фудбал Италија Преговорите започнати, Кеси останува верен на Милан

Преговорите започнати, Кеси останува верен на Милан

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

23-годишниот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …