Дома Трансфер зона Преговорите започнаа: Мурињо најде засилување за најкритичната позиција во тимот, и тоа во Аргентина

Преговорите започнаа: Мурињо најде засилување за најкритичната позиција во тимот, и тоа во Аргентина

Жозе Мурињо на местото лев бек има неколку опции, но ниту од една не е задоволен, па изминатата сезона на тоа место го прекомандува, Ешли Јанг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И оваа сезона Анличанецот е најстандарден на таа позиција, додека Шо и Блинд се борат за ситни трошки, Тохо игра на позиција стопер, додека Дармијан служи како алтернатива за Валенсија на десниот бок.

Се почести се споменува дека Лук Шо и Блинд би можеле да ја напуштат екипата, за Англичанецот е заинтересиран Маурисио Покетино, додека Барселона атакува на холандскиот репрезентативец.

Мурињо така ќе мора да се засили на позицијата на лев бек, можеби и ќе се обиде да донесе двајца нови играчи на таа позиција, а еден од нив би бил залог за иднината.

Со таква мисла, Јунајтед ги испрати скаутите во Аргентина, каде го „ископаа“ Енко Дијаз, 21-годишен лев бек од редовите на Агрупекуари.

Манчестер веќе некое време го следи овој талентиран фудбалер, кој и сам потврди за аргентинските медиуми дека двајца скаути на Јунајтед се импресионирани од она што тој го прикажал.

Но, засега официјална понуда се уште нема, иако преговорите се започнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…