Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се уште не го обновил договорот со „кралскиот“ клуб, а преговорите се во застој.
Имено, Реал му нуди договор на само една сезона, а Рамос во неколку наврати го отфрли тој предлог на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постои правило во Реал Мадрид, на играчи на возраст над 32 години, да им се нудат само договори за една сезона и клубот нема намера да направи преседан со Рамос, колку и да е вреден тој за клубот.
Дефанзивецот е дел од Мадрид уште од летото 2005 година, откако беше привлечен од Севиља за 27 милиони евра. Во моментов Рамос има 33 години и неговиот тековен договор истекува во летото 2021 година.
ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди на Рамос богат 4-годишен договор.