Дома Топ вести Првото засилување за Конте е Македонец: Елмас на чекор од Интер!

Првото засилување за Конте е Македонец: Елмас на чекор од Интер!

Турските и италијанските медиуми едногласно тврдат – Елиф Елмас е на чекор од трансфер во миланскиот гигнат Интер.

Македонскиот „дијамант“ имаше уште една одлична сезона во дресот на Фенербахче и го привлече вниманието на многу европски гиганти кои сакаа да го видат во своите редови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку клубови од Серија А беа заинтересирани за потпист на Елмас, но последните информации се дека Интер ја победил конкуренцијата и го договорил трансферот.

„Нероаѕурите“ испратиле понуда од 11 милиони евра, првиот човек на Фенербахче, Али Коч дал зелено светло, па Македонецот ќе биде првото засилување на Интер во ерата на Антонио Конте.

19-годишниот македонски репрезентативец во следните денови треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4-годишен договор со „нероаѕурите“.

Елмас ќе биде петтиот Македонец кој ќе го носи дресот на славниот италијански клуб после Дарко Панчев, Горан Пандев, Ацо Стојков и Горан Славковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…