Дома Фудбал Првиот човек на Ла Лига за Сити и ПСЖ: Веќе кажав дека тие мамат – исфрлете ги од Лигата на шампионите!

Првиот човек на Ла Лига за Сити и ПСЖ: Веќе кажав дека тие мамат – исфрлете ги од Лигата на шампионите!

Претседателот на Примера, Хавиер Тебас ги прокометира податоците на „Фудбал Ликс“ според кои Манчестер Сити и ПСЖ го изиграле финансискиот фер-плеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Споменатиот медиум објави како двата клуба ги прекршиле правилата на финансискиот фер-плеј. Но од управата на Манчестер Сити ги отфрлија сите обвиненија и истакнаа дека сето тоа е само за да му се нанесе штета на клубот, додека од ПСЖ се бранеа дека работеле според правилата.

„Пред две години кажав дека овие клубови мамат и не ги почитуваат правлата и поради тоа ова не ме изненадува. Непочитувањето на правилата и законите е важно и за УЕФА која мора да биде сериозна. Тие мораат да бидат казнети“.

„Ако бидат казнети со исфрлување од Лигата на шампионите тоа ќе биде јасна порака за сите останати дека правилата мораат да се почитуваат“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …