Хрватска вчера во Виена во фантастичен натпревар славеше против Германија со 25:24 и така се избори за полуфинале на Европското првенство на две кола пред крајот на вториот круг.
Германија имаше плус пет против Хрватска која со голема борба успеа да се врати и на крајот да слави во луда завршница, мжеби и најдобра на ова Европско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Следуваше големо славје после натпреварот, некои плачеа од среќа, а легендарниот хрватски ракометар Никша Калеб кој работи како ко-коментатор на РТЛ телевизија отиде чекор понапред.
Додека Дувњак разговараше со новинарите во микс зоната Калеб дојде и извика: Момци знам дека сакате жени, но јас сега на сите би ви го исп*шил ку*от“.
Веројатно ова е највулгарната изјава јавно кажана во спортот…