Дома Останати Тенис По тој пораз сакаше да ја заврши кариерата: Јелена емотивно зборуваше за најтешките моменти на Ѓоковиќ

По тој пораз сакаше да ја заврши кариерата: Јелена емотивно зборуваше за најтешките моменти на Ѓоковиќ

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена која неодамна беше во Скопје да ја промовира работата на нивната фондација даде емотивна изјава за најтешките моменти од кариерата на Ѓоковиоќ.

Според нејзините зборови, Ѓоковиќ во 2018 година бил на прагот да ја прекине кариерата, а таа му помогнала да се избори и да продолжи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Мастерсот во Мајами таа години, Ѓоковиќ лесно загуби од Беноа Пер и тој пораз многу тешко му паднал на Ѓоковиќ. Во тој период Новак и се разделил со тренерот Андре Агаси.

По тој меч, Новак сакаше да престане со играње тенис. Ги собра членовите на својот тим и им рече: Знаете што? Готов сум! Престанувам! А, ние плачевме, му велевме дека не може да го прави тоа, дека не е вистинско време. Тој тогаш не сакаше да игра тенис, не сакаше ни да види топчето како поминува покрај него.

Јас го сакам тенисот, децата ги водам на терен секој ден, а третиот ден дојде и Новак. Виде дека се забавуваме и ме праша може ли да игра со нас. Го одбив, почнав да го задевам, му реков нели се откажа, дека нам ни е ред да играме. На крај тој поигра и рече дека се чувствува добро. Веднаш потоа му се јави на тренерот Марјан Вајда и продолжи со тренинзите“, раскажа Јелена.

Од тој момент Ѓоковиќ полека почна да се враќа во форма и денес доминира и игра како во најдобрите денови, многумина ќе кажат подобро и од било кога претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…