Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди четвртфинале на вториот турнир во Монастир, Туни.
По тешки и исцрпувачки три сета Ивановски славеше против домашниот тенисер Адам Мундир. Не започна добро мечот за Македонецот, откако Мундир го доби првиот сет со 3:6.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, во наредните два Калин го подигна нивото на игра и прво изедначи со 6:4, а потоа и го освои третиот сет со 7:6 за победа.
За место во финалето Ивановски ќе игра против Себастијан Соргер од Австрија кој во оваа рунда го совлада Робин Бертранд.