Нови проблеми за Зинедин Зидан.
Реал Мадрид е на мета на критики на јавноста после третиот пораз оваа сезона, а денес Зидан доби нови лоши вести кога е Феде Валверде во прашање. Уругваецот против Валенсија доживеа повреда на коленото и поради тоа ќе биде надвор од терените повеќе од еден месец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За работата да биде полоша Касемиро е позитивен на коронавирус и за Реал следи тежок распоред после репрезентативната пауза.
Веднаш после репрезентативната пауза Реал ќе игра со Ваљадолид и со Синтер, потоа следат натпревар со Алавес, Шахтјор и Севиља, значи има четири тешки гостувања во период од само 15 дена (од 21. ноември до 6. декември).
Ќе потсетиме Реал во Лигата на шампионите има гостувања кај Интер и Шахтјор и тоа се важни натпревари во борбата за пласман на „кралевите“ во наредната рунда.