Дома Трансфер зона По одличниот Мундијал, Шмајхел се сели во поголем клуб?

По одличниот Мундијал, Шмајхел се сели во поголем клуб?

Каспер Шмајхел вчера одбрани вкупно три пенали, но тоа не им помогна на Данска да ја елиминира Хрватска од осмина финалето на Мундијалот во Русија.

Сигурно дека синот на познатиот татко Питер долго ќе жали, но утеха може да пронајде во новиот ангажман. Имено, како што пишува „Sky Sports“, голманот на Лестер е голема желба на Рома и Челзи, доколку некој од овие клубови остане без првиот голман.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Рома како да се подготвува за живот по Алисон, па се поврзуваат и со голманот на Швајцарија, Јан Зомер, додека се повеќе се шпекулира дека Куртоа ќе го облече дресот на Реал. Данецот има 31 година и е голман на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…