Дома Фудбал Италија По најавите за незадоволство се огласи и самиот Дибала!

По најавите за незадоволство се огласи и самиот Дибала!

ronaldo dybala

Сите од него очекуваа одлична сезона, но на почетокот работите се искомплицираа.

Ова лето во Јувентус пристигна Кристиано Роналдо кој се уште чека на својот првенец во Серија А, токму Португалецот и Дибала се очекуваше да бидат убиствениот тандем на „дамата“ во новата сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа Паоло Дибала во последните натпревари се наоѓаше на клупата за резерви.

Поради таквата ситуација во медиумите многу се пишуваше за наводно негово незадоволство, но Дибала барем засега според последната изјава има трпение.

„Роналдо е неверојатен, имам двојна среќа што играм и со Меси во репрезентацијата. Морам да бидам спремен за секој натпревар, сезоната само што започна и пред нас се многу натпревари, ќе направам се за тимот да победувам“, изјави Дибала после вчерашниот натпревар на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…