Дома Фудбал Репрезентации Почина творецот на оригиналниот дрес на Бразил: Тој им ја врати страста после митскиот пораз во 1950 година

Почина творецот на оригиналниот дрес на Бразил: Тој им ја врати страста после митскиот пораз во 1950 година

Aлдир Шли, творецот на домашниот дрес на бразилската репрезентација почина на 83-тата година од живот после шестгодишната борба со ракот.

Покрај останатите бројни награди во својот живот најмногу се прослави и со креирањето на оригиналниот дрес на бразилската фудбалска репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После поразот од Уругвај на „Маракана“ во финалето на Светското првенство 1950 година. Бразил беше во национална криза на идентитетот. Три години подоцна беше започнат натпревар за креација на нов дрес бидејќи старите бои ги будеа болните спомени од поразот против Уругвај.

Единствениот услов бил дресот да ги содржи четирите бои на националното знаме (зелена, жолта, сина, бела) за на репрезентацијата да и се врати чуството на гордост и страст.

Иако беше на прагот на полнолетноста, Алдир Шли имаше доволно цртачко искуство, па неговиот дизајн бил избран за најдобар.

Интересно е што Алдир Шли е роден во близина на бразилско-уругвајската граница и во текот на целиот живот навивал за Уругвај, па и таа митска 1950 година.

https://youtu.be/09cr1U6YHi4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…