Дома Кошарка Поцеко: По победата против Србија на кошаркарите им ја дадов кредитната картичка

Поцеко: По победата против Србија на кошаркарите им ја дадов кредитната картичка

Италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко во овој момент е најголемата ѕвезда на Евробаскетот. Неговата селекција вчера приреди сензација елиминирајќи ја Србија, а тој ги освои срцата со емотивното водење на натпреварите.

Победата против Србија беше причина за големо славје на кошаркарите, а Поцеко им ја дал својата кредитна картичка на играчите за да прослават како што заслужуваат.

„После натпреварот со Србија на моите играчи им ја дадов кредитната картичка за да прават што сакаат и да слават како што заслужуваат. Ми одговорија само да не сум помислил да им дадам погрешн пин“, изјави Поцеко.

Посебно од италијанските кошаркари тој го издвои Николо Мели кого го нарече најдобар во светот, го ставу дури пред Дончиќ, Јокиќ и Антетокумпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обрадовиќ удри по шпекулациите: Се споменуваат кошаркари за кои не сум ни слушнал!

Жељко Обрадовиќ порача дека нема намера да ги следи сите трансфер-приказни на социјалните …