Дома Фудбал Потоп: Погледнете како изгледа стадионот на Хофенхајм по силното невреме

Потоп: Погледнете како изгледа стадионот на Хофенхајм по силното невреме

Во германската покраина Баден-Виртемберг изминативе неколку дена имаше обилни врнежи од дожд. Германската метеоролошка служба прогласи четврто ниво на опасност бидејќи покрај дождот областа ја погоди и невреме придружено со град. Можни се одрони, а улиците се поплавени, како и стадионот на калчолигашот Хофенхајм.

На социјалните мрежи е објавено видео од арената Рајн Некар, каде Хофенхајм ги игра натпреварите во Бундеслигата, чиј терен сега не е ни видлив поради огромната количина на вода.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Арената Рајн-Некар е отворена во 2009 година и може да прими повеќе од 30.000 гледачи.

Хофенхајм минатата сезона заврши на седмото место во Бундеслигата. Подготвителните натпревари за новата сезона ќе започнат во средината на јули, додека Бундеслигата започнува на крајот на август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ од денес не е член на Реал Мадрид

Лука Модриќ технички е слободен агент затоа што му заврши договорот со Реал Мадрид. Денес …