Дома Фудбал Италија Потенцијален проблем за Јувентус: Колку е сериозна повредата на Дибала?

Потенцијален проблем за Јувентус: Колку е сериозна повредата на Дибала?

Паоло Дибала можеби не играше премногу од почетокот на сезоната, но во последните натпревар полека започна да ја враќа одличната форма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму кога се враќаше во форма мораше да се соочи со повреда и тоа додека настапуваше за Аргентина во вчерашниот натпревар против Бразил.
Дибала во натпреварот против Бразил го повредил коленото.

Аргентинецот теренот натпреварот го напуштил во 57-та минута, но остана на клупата каде што му беше ставен лед.

Според првите најави на медиумите во Италија не се работи за сериозна повреда, но останува да се почекаат деталните прегледи.

Јувентус за викендот игра против Џенова и тој натпревар и не толку голем проблем, колку што би претставувало отсуството на Дибала за натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

dybala

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…