Дома Македонски спорт Мак фудбал Потврден спектаклот: „Комити“ ќе гостуваат во Битола, Пелистер ги објави сите детали

Потврден спектаклот: „Комити“ ќе гостуваат во Битола, Пелистер ги објави сите детали

Како и што се најавуваше на македонското дерби помеѓу Пелистер и Вардар во Вторагата лига в сабота ќе биде отворена новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Од Пелистер попладнево потврдија дека ќе има присуство на гостински навивачи и ги соопштија деталите каде тие ќе бидат сместени. Билетите се продаваат по цена од 100 денари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„ФК Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална.

Во сабота од 13:00 часот на натпреварот Пелистер – Вардар за прв пат ќе се продаваат билети за новата трибина, чиј капацитет е 4.500 столчиња. За овој натпревар билети по цена од 100 денари ќе се продаваат в петок од 13:00 до 17:00 часот и непосредно пред почетокот на натпреварот на билетарницата во подтрибинскиот простор на новата трибина.

За овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба 2.500 билети, а во функција ќе бидат секторите 5,6,7. Гостинските навивачи ќе бидат стационирани во сектор 9, разделени со тампон зона од останатите сектори. На јужата трибина ќе бидат сместени домашните навивачи „Чкембари“, во својот вообичаен сектор, новинарите и дел од службените лица.

Клубот апелира за навремено доаѓање на натпреварот на влезот од градското шеталиште. Во меѓувреме секојдневно работиме на прилагодување на влезовите кон новата трибина.

Ви благодариме за разбирањето“, стои во соопштението на ФК Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…