Сега повеќе нема дилеми!
Во неодамна завршената сезона многу се шпекулираше за иднината на Џејмс Родригез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Колумбиецот му истече позајмицата во Баерн, а генералниот директор на Баварците, Карл Ханјц Румениге истакна дека тој ќе се врати во матичниот Реал Мадрид.
„Вистина е Џејмс бараше да го напушти клубот. Нема да го откупиме“, изјави Румениге.
Со враќањето на Зинедин Зидан тешко е да се очекува дека Родригез ќе се наметне во првиот тим на Зидан и се очекува Реал да го продаде во летниот преоден рок.
Целата сезона ја следат италијанските клубови. Карло Анчелоти добро ги познава неговите квалитети и јасно му ставил до знаење на претседателот Аурелио Де Лаурентис дека сака да го види во Неапол. Освен со Наполи, Родригез се поврзуваше и со Јувентус.
Очекувањата се дека од Реал ќе бараат околу 60 милиони евра за услугите на Колумбиецот.