Барселона поради финансиски проблеми е принудена да бара решенија со што помали вложувања. Бенџамин Павар се споменуваше во медиумите, а сега Лапорта потврди дека тој навистина е опција за Каталонците.




„Павар е реална опција за нас. Тој има договор до 2024 година и сака да ја промени средината“, изјави Лапорта.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
На оваа тема пишуваше и новинарот Хави Мигел кој додаде дека Павар е опција за Барселона, но само за позицијата десен бек, на која Французинот не сака повеќе да игра во Минхен и затоа сака да го напушти Баерн.




Чави на стоперската позиција ги има Араухо, Кунде, Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен, па нема логика Павар да биде опција за срцето на одбраната.




Познато е и дека договорите на Ектор Белерин и Серхи Роберто истекуваат на 30 јуни и дека најверојатно на лето ќе го напуштат клубот.




Десниот бек останува приоритет на Чави, сега прашање е дали Павар е најдоброто решение и дали Французинот се согласува да игра во Барса како десен бек.