Дома Фудбал Останато Потврдено: Овен бил втора опција – Еве која ЅВЕЗДА била прва мета на Фергусон!

Потврдено: Овен бил втора опција – Еве која ЅВЕЗДА била прва мета на Фергусон!

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен открива како завршил на „Олд Трафорд“…

Овен во Манчестер Јунајтед пристигна во 2009 година и го носеше дресот со број со седум коj до тогаш беше на грбот на Кристиано Роналдо кој тоа лето заедно со Бензема и Кака беа трите големи ѕвезди кои пристигнаа во Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега Мајкл Овен за шпанската телевизија „Канал плус“ oткрива дека тој не бил прв избор на Фергусон.

„Морам да му се заблагодарам на Бензема што го одби Манчестер Јунајтед. Сер Алекс не криеше, кога стигнав во клубот ми соопшти дека пред да ме доведе се обидувал да го убеди Карим Бензема да премине во Манчестер Јунајтед“, открива Овен.

Овен во Јунајтед се задржа три сезони и постигна 17 погодоци на 52 натпревари.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Матеус убеден: За легендата треба да има место на СП!

Легендарниот Лотар Матеус е уверен дека Мануел Нојер треба да биде во составот на Германиј…