Дома Топ вести Потврдено: Кавани бил блиску до потпис со Реал Мадрид!

Потврдено: Кавани бил блиску до потпис со Реал Мадрид!

Агентот на ѕвездата на ПСЖ, Едисон Кавани потврди интересна информација.

Во автобиографијата која наскоро треба да излезе агентот на Едисон Кавани, Алексис Папсан призна дека своевремено добил повик од „Б“ тимот на Реал Мадрид кој го посакувал Кавани во својот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во една прилика кога излегов од авионот, ме повика тогашниот тренер на „Б“ тимот на Реал Мадрид, Мичел. Ме праша прво дали Кавани би се согласил да настапува за вториот тим на Реал Мадрид, за после шест месеци да стане дел и од првиот“, напиша Папсан.

Да потсетиме, подоцна Реал Мадрид сепак се одлучи за Гонзало Игуаин, а Кавани заврши во Наполи, подоцна и во ПСЖ.

Ургваецот игра одлично оваа сезона, а до сега на 13 натпревари постигна исто толку погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …