Зинедин Зидан во следното коло од Примера не ќе може да смета на ниту еден класичен напаѓач.
Реал Мадрид денес го направи вториот кикст од стартот на сезоната, во Примера одиграа 1:1 на својот стадион против екипата на Леванте. Во текот на првото полувреме се повреди и напаѓачот на „кралевите“, Карим Бензема, па во во шпицот на нападот Зидан мораше да го уфрли Велшанецот Герет Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега е откриено каква повреда заработил Французинот и колку време ќе биде надвор од теренот, Бензема заработил повреда на мускулот, а според првите проценки тој ќе отсуствува од 4 до 6 недели.
Дека на Реал ќе му биде тешко со Бејл во нападот, доказ е и овој натпревар против Леванте во кој клубот од Мадрид постигна само еден гол против новајлијата во Примара.
Бидејќи сеуште важи суспензијата на Роналдо, поточно Зидан не ќе може да смета на Португалецот уште едно коло, единствен избор на Зидан на гостувањето кај Реал Сосиедад ќе биде младиот Борха Мајорал.
Adelanta @miguelitocope: "BENZEMA estará de baja entre 4 y 6 semanas"#TiempodeJuegoNonStop
— Tiempo de Juego (@tjcope) September 9, 2017