Дома Фудбал Потврдено: Еве колку ќе отсуствува новото засилување на Јуве

Потврдено: Еве колку ќе отсуствува новото засилување на Јуве

Фудбалерот на Јувентус, Матија Де Шиљо ќе мора да отсуствува од терените најмалку еден месец, соопшти италијанскиот клуб.

Де Шиљо кој ова лето пристигна од редовите на Милан се повреди во натпреварот против Барселона на кој Јувентус запиша пораз од 3:0.

Првите прогнози беа загрижувачки, се споменуваше скршеница на зглобот, но за среќа повремениот италијански репрезентативец поминал со полесна повреда и не ќе мора да оди на операција, која би го го одвоила од терените најмалку шест месеци.

Очекувањата се Де Шиљо да се врати на теренит кон крајот на октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…