Дома Трансфер зона Потврдено: Арон Рамзи веќе може да се смета за играч на Јувентус!

Потврдено: Арон Рамзи веќе може да се смета за играч на Јувентус!

Арон Рамзи веќе е играч на Јувентус!

Новинарот кој важи за добро упатен со случувањата во редовите на „старата дама“ и никогаш не греши кога нешто ќе потврди, Ромео Агрести утрово потврди дека Рамзи ги поминал медицинските прегледи во Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Агрести ги открива и условите кои ќе ги има Рамзи во Торино.

Велшанецот пристигнува во јуни како слободен играч и ќе потпише договор на пет години со седум милиони евра по сезона, плус бонуси.

Рамзи вчера во Лондон го поминал првиот дел од медецинските прегледи кои биле успешно завршени, следната фаза ќе биде по завршувањето на сезоната кога како и секој друг играч ќе пристигне во медицинскиот центар на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…