Дома Трансфер зона Потврда од Баерн: Алкантара има договор со Ливерпул или Манчестер Јунајтед

Потврда од Баерн: Алкантара има договор со Ливерпул или Манчестер Јунајтед

Директорот на европскиот шампион Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека Тијаго Алкантара е на излезни врати од Баерн.

Хенес дури и објави дека Алкантара има договор со Манчестер Јунајтед или Ливерпул. Тијаго подолго време се поврзува со Ливерпул меѓутоа „црвените“ не сакаа за него да платат 30 милиони евра затоа што договорот му истекува за една година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од друга страна чудно изгледа интересот од Манчестер Јунајтед затоа што „црвените ѓаволи“ во средниот ред ги имаат Ван Де Бек, Погба и Бруно Фернандеш.

„Тијаго доби понуда за одличен договор, но тој се предомисли. И изгледа дека веќе има договор со Ливерпул или Манчестер Јунајтед“, изјави Хенес за германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…