Натпреварот помеѓу Кројдон и Кокфостерс од деветтата англиска лига го привлече вниманието на медиумите поради голот кој го постигнаа домаќините.
Имено, 36-годишниот фудбалер Рајан Хол од редовите на Кројдон ја погоди противничката мрежа по само 2.31 секунди игра. Веднаш по првиот судиски свиреж тој шутираше од центарот и успеа да погоди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот испрати барање и до Гинисовата книга на рекорди да го регистира голот на поранешниот играч на Лидс и Лутон како најбрз во историјата и се очекува нивното барање да биде прифатен. Во овој момент во Гинисовата книга на првото место стои името на Рикардо Оливера од Уругвај кој постигна гол за 2.8 секунди во 1996 година.
We've finally got a video of Ryan Hall scoring @Croydon_FC's first goal against @CockfostersDev in the London Senior Trophy. The goal was timed at 2.31 seconds, which we understand to be the fastest goal in senior football in the world.Can you confirm @GWR? pic.twitter.com/anxzAtpuZC
— Croydon FC (@Croydon_FC) February 18, 2024