Дома Трансфер зона Постигнат договор, Фратези се сели во Интер

Постигнат договор, Фратези се сели во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Сасуоло постигнале договор за трансфер на Давиде Фратези.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фратези после одличната сезона се етаблираше во еден од најголемите италијански таленти и еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

За него интерес покажуваа готово сите големи италијански клубови, но самиот играч преферираше трансфер во Интер.

Сасуоло за слободата на Фратези бараше 40 милиони евра, но Интер во трансферот ќе го вклучи младиот Мулатиери и ќе плати додатни 25 милиони евра.

После продажбата на Брозовиќ главна трансфер цел на „нероаѕурите“ беше токму Фратези и се очекува трансферот да биде комплетиран следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…