Откако обезбедија пласман во Лигата на шампиони, „росонерите“ веднаш почнаа да прават планови за следната сезона.
Најпрво беше донесена замена за Донарума, голманот на Лил, Мајк Мањан, а сега Милан го договори и вториот трансфер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан постигнал договор со Челзи за откуп на Факијо Тимори за сума од 28 милиони евра.
Томори во јануари простигна на позајмица од Челзи и веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Милан имаше опција да го откупи за 28 милиони евра, а последните информации се дека постигнале договор со Челзи таа сума да биде платена на три рати.
Томори ќе стави потпис на договор до 2026 година со „росонерите“ и годишно ќе заработува 3 милиони евра.