Дома Топ вести ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Алисон на „Енфилд“ за 75 милиони евра!

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Алисон на „Енфилд“ за 75 милиони евра!

Клоп одлучи да доведе голман од светска класа и нема да жали пари за него.

Ова утро пренесовме дека Ливерпул понудил 60 милиони плус 10 милиони бонуси и дека Рома бара уште пет милиони. Изгледа дека Ливерпул веднаш ги исполнил условите и веднаш испратил нова понуда која е за пет милиони поголема и изнесува 75 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Остана уште да се открие како Ливерпул ќе ги испати тие 75 милиони, но договорот е многу блиску.

Ливерпул е толку сигурен дека ќе го доведе Бразилецот во своите редови и дека веќе закажаа лекарски прегледи. Пред неколку дена, Алисон разговарал со Клоп и му кажал дека е воодушевен од Ливерпул.

Она што дополнително му оди во прилог на Ливерпул е тоа што Челзи не испрати никаква понуда за овој 25-годишен голман. „Волчицата“ веќе бара замена за Бразилецот, бидејќи е свесна дека не може да го задржи. Се споменуваат Арелоа и Донарума како потенцијални замени.

Алисон го импресионираше целиот свет со своите настапи, па и нема да изненадат многубројните понуди од фудбалските гиганти. На Ливерпул дефинитивно му е потребен нов голман, па Клоп реши ова лето да го сруши светскиот рекорд. Тие веќе ги доведоа Фабињо, Шаќири и Кеита, а доколку дојдат Алисон и Фекир, како што се споменува, „Црвените“ ќе направат многу квалитетен тим за новата сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…