Дома Фудбал Останато После 22 години кариера се пензионираше Џермејн Дефо

После 22 години кариера се пензионираше Џермејн Дефо

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Англија, Џермејн Дефо и официјално објави дека се пензионира како професионален фудбалер.

Дефо од фудбалот се повлекува после 22 години кариера и 305 постигнати гола. Поранешниот напаѓач на Вест Хем, Тотенхем и Англија се збогуваше од своето неверојатно патување, кариерата ја завршува како играч на Сандерленд.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За Сандерленд ова беше негов втор престој и во овој мандат запиша седум настапи пред да се одлучи да каже крај. Одлуката за крај на кариерата Дефо ја потврди и на социјалните мрежи.

„После 22 години кариера одлучив да се повлечам од професионалниот фудбал. За мене ова беше навистина тешка одлука и ја донесов откако разговор со семејството и најблиските“, изјави Дефо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…