Шпанските медиуми пренесуваат дека Евертон е заинтересиран за уште еден играч на Реал Мадрид.
Тренерот на тимот од „Гудисон Парк“, Карло Анчелоти во претходниот преоден рок го доведе Хамес Родригез од Реал Мадрид, а сега сака да доведе уште еден играч од редовите на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал наводно е спремен да го продаде Иско за околу 20 милиони фунти и Евертон може да ја понуди таа сума.
Иско сезонава запиша шест лигашки настапи за Реал и само три пати беше стартер. Во Лигата на шампионите сите три натпревари ги гледаше од клупата за резерви.
Неговиот договор со Реал истекува летото 2022 година и во Мадрид сакаат да го продадат најдоцна наредното лето со цел да заработат нешто од неговото заминување. Во Реал Мадрид Иско пристигна во 2013 година од Малага за 30 милиони евра.