Дома Останати Кошарка НБА После новиот супер настап Американците немаат дилеми: Јокиќ е најдобриот центар додавач во историјата!

После новиот супер настап Американците немаат дилеми: Јокиќ е најдобриот центар додавач во историјата!

Неверојатниот Денвер во седмиот натпреварот од полуфиналето на Западната Конференција победија Клиперси со 104:89 и така станаа првата франшиза во историјата која успеала да се врати од 1:3.

Одлични беа Џамал Мареј со 40 поени и незапирливиот Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции. Најголемите ѕвезди на Клиперси, Ленард и Пол Џорџ постигнаа вкупно 24 поени (Ленард 14, Џорџ 10).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Соработката помеѓу Јокиќ и Мареј беше фантастична. Јокиќ повторно покажа дека е најдобар центар додавач во историјата на НБА. Беше фантастичен. Ги навлекуваше играчите на себе, со неверојатни топки ги пронаоѓаше соиграчите и погодуваше кога беше потребно. Му асистираше на Мареј за тројка со која Наџентси поведоа 98:80 и на минута ипол пред крајот стана јасно дека Наџентси втор пат ќе излезат како победници во серијата со пресврт од 1:3. Не можете повеќе да ги игнорирате Наџентси. Тие се сериозни“, пишуваа американските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…