Нероаѕурите“ спремаат целосна реконструкција.
Интер оваа сезона одлично започна, но потоа повторно започнаа проблемите кои ги имаа во претходните сезона, па поради тоа на лето овој клуб се подготвува за целосна реконструкција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клубот најверојатно ќе го напушти Мауро Икарди за 100 милиони евра, можна е и продажба на дефанзивецот Милан Шкриниар, а парите од овие два трансфери би можеле да бидат искористени за купување на млади фудбалери.
Интер веќе го обезбеди потписот на најпреспективниот напаѓач од Јужна Америка. После повеќедневните преговори со аргентинскиот Расинг и спортскиот директор на овој клуб Диего Милито клубот од Милано го договори трансферот на Лаутро Мартинез. Расинг ќе добие 20 милиони евра, додека Мартинез ќе потпише договор на пет години.
„Многу клубови беа заинтересирани, зборував со Симеоне и Занети, а Интер беше последниот кој ме повика. Разговарав со Диего Милито и тој ми објасни што значи Интер. Горд сум поради се. Доколку се прашував само јас би останал во Расинг до крајот на кариерата, но…“, изјави Мартинез.
По овој обезбеден траснфер Интер ќе се обиде да го договори и Уругваецот Лукас Тореира од Сампдорија кој експлодираше оваа сезона. После одличното искуство со Шкриниар, Интер на ист начин ќе се обиде да го доведе и малдиот Уругваец.
Поради големата конкуренција Интер веќе започна да работи на овој трансфер, интерес за Спалети покажаа уште Атлетико Мадрид и Јувентус.