Фудбалската репрезентација на Португалија вечерва го победи Алжир со 3:0 во пријателски натпревар пред да отпатуваат на СП во Русија.
Кристијано Роналдо и екипата потполно го разбија вечерашниот ривал. Доаѓаа до шанса кога ќе посакаа и на крајот Алжир може да биде среќен што прими само три гола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалија изгледа импресивно пред Мундијалот. Доказ за тоа се и вечерашните акции при головите во сите три погодоци.
Португалија дојде до водство во 17. минута. Бернардо Силва после прекрасна акција му асистираше на Гуедес кој погоди за 1:0.
Домашната репрезентација продолжи да напаѓа, што резултираше со втор погодок во 37. минута. Овој пат Роналдо е асистент, а Бруно Фернандес стрелец за 2:0.
Точката на овој натпревар беше ставена во 55. минута, кога Гуедес го постигна својот втор погодок за конечни 3:0.