Дома Останати Кошарка НБА Портланд продолжи да се бори за плеј-офот, Лилард броеше до 51 ?

Портланд продолжи да се бори за плеј-офот, Лилард броеше до 51 ?

Кошаркарите на Портланд во еден одличен натпревар славеа против Филаделфија со 124:121, а уште еден неверојатен натпревар одигра Демијан Лилард.

Портланд од самиот почеток играше одлично и првата четвртина ја доби со 33:19. Меѓутоа Филаделфија не се предаваше лесно. Во продолжение тие успеаа да ја анулираат предноста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во третата четвртина гледавме егал натпревар и не чекаше одлична завршница. Но за разлика од натпреварот против Клиперс, овој пат Портланд беше подобар во завршницата.

Одличен беше Лилард кој ја превзема одговорноста на себе и така донесе нова победа. Портланд на крајот славеше со 124:121 и ја продолжи борбата за осмата позиција која води во плеј-офот. Супер расположен во Портланд беше Лилард кој за 40 минути игра уфрли 51 поени и додаде седум асистенции и три скока.

Во поразениот тим се истакна Џош Ричардсон со 34 поени, шест асистенции и пет скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…