Интер после долго време ја врати титулата во Серија А, но сега медиумите во Италија на големо пишуваат за финансиски проблеми во Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во клубот постои дилема и за иднината на тренерот Антонио Конте, како и за уште неколку фудбалери. Во меѓувреме се појавуваат и шпекулации за новите клубови на играчите кои се поврзуваат со заминување.
Сега поранешниот напаѓач на Интер и италијански репрезентативец Никола Вентола изјави дека Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Атлетико Мадрид.
“Фрлам бомба. Лаутаро Мартинез оди во Атлетико Мадрид. Мои извори ми кажаа дека таа работа е завршена и ќе биде добро платен“, зборуваше Вентола во разговорот со Виери.
Лаутаро долго време се поврзуваше со Барселона и со Реал, посебно со Каталонците, па оваа изјава на Вентола е изненадување.