Дома Фудбал Поранешниот играч на Барселона: На тренинзите не смеевме да го допреме Меси

Поранешниот играч на Барселона: На тренинзите не смеевме да го допреме Меси

Францускиот дефанзивец Жан-Клер Тодибо имаше прилика да го носи дресот на Барселона.

Тодибо во клубот пристигна во јануари 2019. година, но на Камп Ноу не се изнаигра и настапи само пет пати.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, на него ќе му останат во сеќавање тренинзите со поранешната ѕвезда на тимот Лео Меси. Откри дека на тренинзите никој не смеел да го допре.

„Во Барселона никој не смееше да го допре на тренинг. Можеби звучи бизарно, но тоа е вистина. Тој е најголемиот фудбалер на сите времиња и не сакавме да го повредиме.“ – рече Тодибо.

Тодибо како играч на Барселона поголем дел од времето го помина на позајмици. Играше за Шалке, Бенфика и Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …