Mногумина беа изненадени кога Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок го доведе Нигериецот, Одион Игало од Кина.
Со Јунајтед се поврзуваа некои зучни имиња, но на крајот „црвените ѓаволи„ се задоволија со напаѓач кој има искуство со играње во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Марк Боснич смета дека клубот нема што да изгуби со овој потег и дека секогаш постои можност да се повтори случајот со Ерик Кантона кој остави длабока трага во клубот иако дојде без некои големи очекувања.
„Овој трансфер беше „прва помош“ бидејќи Рашфорд во овој момент е надвор од теренот. Сепак, сметам дека Јунајтед и понатаму е во трка за местото кое води во Лигата на шампионите, па овој потег е логичен. Игало нема што да изгуби затоа што никој не очекува ништо од него. Никогаш не знаете. Јунајтед во минатото го доведе Ерик Кантона од кого не се очекуваше мнгоу, но на крајјот клубот со него ја имаше една од најдобрите сезони во историјата“, изјави Боснич за „Скај Спорт“:
Манчестер Јунајтед го доведе Игало на позајмица за која плати четири милиони фунти.