Атлетико Мадрид постигна договор за трансфер на Серхио Регилон, пренесуваат шпанските медиуми.
Регилон мораше да го напушти Тотенхем ова лето бидејќи Конте повеќе не смета на него и му порача да си бара нов клуб.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Неколку клубови покажаа интерес за 25-годишниот Шпанец, но на крајот Атлетико Мадрид ја доби битката за неговиот потпис.
„Јорганџиите“ ќе го донесат левиот бек на позајмица со право на откуп следното лето и тој ќе биде замена за Ренан Лоди.
Регилон е поранешен играч на Реал Мадрид, но не доби голема шанса на „Сантиаго Бернабеу“, па сега ќе игра за градскиот ривал.