Главна тема во денешните спортски медиуми е тепачката која настана на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Партизан.
По овој инцидент се огласија и други познати кошаркари, а Малком Дилејни кој настапува за Милано испрати порака до Гершон Јабуселе кој со боречки зафат го собори Данте Ексум.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ексум во таа ситуација заработи и најверојатна потешка повреда. Пораката на Дилејни до Јабуселе е да биде среќен ако добие суспензија да не патува во Србија.
„Навивачите на Партизан нема во никој случај да му дозволат на Јубуселе да стигне до арената во Белград. Без разлика дали ќе биде казнет, тој нема да игра во третиот натпревар. Самиот треба да се моли да биде суспендиран за да не патува во Србија“, изјави Дилејни.
Партизан со тој триумф поведе со 2:0 во серијата, а натпреварот во Белград се игра во вторник.
Guerschon Yabusele slamming down Dante Exum 😳 pic.twitter.com/iEvAtsGZgk
— BasketNews (@BasketNews_com) April 27, 2023