Во викендот кој е пред нас стартува вториот дел од сезоната во македонската прва фудбалска лига.
Во сабота единствен натпревар кој ќе се одигра е средбата помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров кој се игра во 14:00 часот и ќе може да се проследи на Арена Спорт и МТВ. Еден ден подоцна во недела ќе се игра дербито помеѓу Академија Пандев и Шкендија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој натпревар за разлика од останатите поради преносот на Арена ќе се игра еден час порано, односно од 13:00 часот. Останатите натпревари: Струга Трим Лум – Работнички, Шкупи – Борец и Ренова – Силекс се играат во стандардниот термин од 14 часот.