Дома Фудбал Англија Помеѓу Погба и Мурињо има нешто – фудбалерот сам докажа! (фото)

Помеѓу Погба и Мурињо има нешто – фудбалерот сам докажа! (фото)

pogba

Францускиот играч за врска Пол Погба со стил се врати во неговиот клуб Манчестер Јунајтед.

Погба на отварањето на Премиер лигата против Лестер постигна гол уште во третата минута од натпреварот кој Манчестер Јунајтед го доби со 2:1.
Со оглед дека е старт на сезоната и фудбалерите не се најподготвени Мурињо го замени Погба во 80 минута. Ќе потсетиме Французинот со тренинзи започна пред само четири дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Огромно внимание по натпреварот привлече поставената слика на Инстаграм профилот на Погба.

Имено, тој постави фотографија од наптреварот под која напиша:

„Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за фановите и соиграчите, без разлика што се случува“.

Многумина тоа што го нема Мурињо во реченицата, но и последниот дел „без разлика што се случува“ го протолкуваа како доказ дека помеѓу него и стратегот на Јунајтед се уште има „нерасчистени сметки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…