Дома Фудбал Репрезентации Полувреме без шанси: Македонија засега не е опасна против Малта

Полувреме без шанси: Македонија засега не е опасна против Малта

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Малта во квалификациите за Европското првенство, а по 45 минути резултатот

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ја прифативме улогата на фаворит, но сепак тоа треба и да го докажеме на теренот, такви беа пораките пред натпреварот од нашиот табор. Првите 20-тина минути од натпреварот поминаа без посериозни шанси. Топката беше во наш посед, но изостануваа оние 100% прилики за гол.

Најсериозната закана ако може да се каже најсериозна беше по еден корнер со удар со глава, Елмас на двапати се доближи до шеснаесетникот со опасен напад, но остана без завршница.

Се играше 35-тата минута кога Алиоски нафрли, а Бојан Миовски иако беше во добра позиција, сепак не ја зафати топката најдобро со глава. Повторно Миовски се најде во прилика по нафрлување на четири минути пред крајот на полувремето, но и тоа помина безопасно.

До крајот на првиот дел, ниту ние, ниту Малта не се заканивме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…