Дома Фудбал Покетино ја откри иднината на Стерлинг

Покетино ја откри иднината на Стерлинг

Рахим Стерлинг минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи, но не ги оправда очекувањата и постигна само шест гола и три асистенции на 28 меча.

Медиумите шпекулираа дека Стерлинг ќе си замине од екипата затоа што навивачите не се задоволни со неговите настапи, но очигледно такво нешто не мисли и новиот тренер на клубот Маурисио Покетино.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покетино кажа дека не е лесно да се прилагодиш во тим кој има лоши резултати во моментот.

„Не е лесно за играч брзо да се адаптира и да игра на исто ниво како во претходните клубови, но ние и понатаму зборуваме за добар играч кој може да ѝ помогне на екипата“, кажа Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна на стадион во Бразил – интервенираа 80 пожарникари

Голем пожар го оштети покривот на стадионот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро, но сама…