Дома Фудбал Покетино: Мбапе одлуката ќе ја донесе после натпреварот со Реал

Покетино: Мбапе одлуката ќе ја донесе после натпреварот со Реал

Tренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино проговори за шпекулациите дека Килијан Мбапе веќе одлучил од лето да игра за Реал Мадрид.

Токму Реал Мадрид ќе биде противникот на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар на програмата е на 15. февруари, а реваншот се игра во главниот град на Шпанија на 9. март.

„Килијан одлуката за својата иднина ќе ја донесе после натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во овој момент целосно е фокусиран да направи што е можно подобри работи со ПСЖ“.

„Станува збор за голем професионалец, го почитуваме сите. Знаеме дека негова е одлуката. Меѓутоа тоа не го оптеретува и секогаш дава максимум во дресот на ПСЖ“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…