Дома Фудбал Англија Покетино го „пецна“ Челзи: Со Стоук ќе биде потешко!

Покетино го „пецна“ Челзи: Со Стоук ќе биде потешко!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека гостувањето кај Стоук ќе биде потешко за неговиот тим, отколку дуелот против Челзи минатата недела.

„Спарси“ победија за прв пат по 28 години на „Стемфорд Бриџ“, а утре му гостуваат на Стоук, кој е на три бода од зоната за испаѓање.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Минатата недела добивме три многу важни бода. Понекогаш по таква победа ќе дозволите мала релаксација и вашата концентрација не е иста. А треба да биде спротивно. Нашиот фокус треба да биде 200%. За мене, претстојниот натпревар ќе биде потежок од оној на „Стемфорд Бриџ“, истакна Покетино, кој ќе може да смета и на Хари Кејн.

„Тој е добро, откако одигра 20 минути против Челзи. Оваа недела работеше напорно и неговата состојба е одлична. Очекувањата за него се да постигнува голови“, заклучи менаџерот на „спарси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капитенот на Интер по елиминацијата од Светското клупско првенство: Кој не сака да остане во клубот, нека си замине

ИНТЕР ја заврши својата кампања на Светското клупско првенство во осминафиналето, откако б…