Aргентинецот Маурисио Покетино на 2. јануари беше именуван за нов тренер на ПСЖ.
Во првиот натпревар на клупата на ПСЖ Покетино освои бод на гости против Сент Етјен, а до крајот на месецот сака да направи одредени промени во тимот. Тој има план да доведе некои играчи и некои да продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации кои кружат во медиумите, ПСЖ ќе се обиде да го доведе Серхио Агуеро.
Агуеро на лето ќе стане слободен играч и францускиот шампион ќе се обиде да ја искористи таа ситуација. Покетино смета дека неговиот сонародник одлично би се вклопил во центарот на напдот каде што се уште Мбапе и Нејмар.
32 годишниот Агуеро уште од 2011 година е во Манчестер Сити и со овој клуб освои се освен Лигата на шампионите, а во Париз токму тоа е трофејот кој најмногу се посакува.